Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“, по налог на Град Скопје, деновиве поставија нови парковски елементи изработени од дрво на повеќе локации во Паркот на природата „Гази Баба“.

Во паркот се поставени два нови видиковци, а изработени се и два големи рекреативни елементи, еден мал рекреативен елемент, како и дрвена куќичка за деца и пет комплети на маси со клупи.

Распоредени на повеќе локации низ зеленилото во паркот, новите елементи со својот изглед и намена го дополнуваат изгледот и ги збогатуваат содржините на уредениот парк, кој е вистинско место за релаксација и пријатен престој во природа за посетители од сите генерации, како и за забава и игра на најмладите посетители.

Во паркот е уреден и нов парк за домашни миленици со соодветни реквизити и нуди одлични можности за нивна рекреација.

Градот Скопје продолжува и во наредниот период во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ да работи на уредување и збогатување на градските паркови со нови содржини и парковски елементи, со цел овозможување оптимални услови за рекреација и релаксација на посетителите.