Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски денеска беше гостин во Дневникот на телевизија Сител каде зборуваше за корумпираната власт и лошиот систем предводен од СДСМ.
Тој во врска со случајот за смртта на ракометарот Денис Тот вели дека не смее да се сокрие убиство и оној кој направил убиство на било каков начин мора да одговара.
-Јас ги повикувам невладините организации кои порано беа многу гласни, сега може станале владини, не знам и ги поздравувам ако реагирале, проблемот е што граѓаните не веруваат во еден куп различни информации од многу портали, медиуми, а впрочем и самите институции дадоа различни гледишта на тоа што се случило вечерта. Прво немало насилство, па немало, па имало снимка, но јас апелирам да има разрешница на сето ова, а не некој од политиката да се меша во сето ова. Јас го поздравувам вонредниот инспекциски надзор кој го нарача министерот за здравство и не може граѓаните да веруваат во еден громорозен чин дека е претепан, а потоа да се каже дека имал удар во главата, па немало и така натаму, рече Мисајловски.
Тој вели дека СДСМ пробаа на друг начин да ја префрлат вината за убиството на ракометарот.