Билатерални средби на одбранбениот саем

Во рамки на меѓународниот одбранбен саем во Братислава, министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари одвоени билатерални средби со неговите колеги од Словачка и Чешка.

Тој се сретна со словачкиот министер за одбрана Роберт Калинак и со чешкиот министер за одбрана Јаромир Зуна.

„Взаемно од двете средби е потврдата за заедничката определба за продлабочување на одбранбената соработка, со фокус кон зајакнување на националната и колективната безбедност“, истакна Мисајловски.

Високо ниво на доверба и нови заеднички проекти

Министерот нагласи дека односите со двете земји се на високо ниво.

„Со Чешка и со Словачка имаме високо ниво на меѓусебна доверба што претставува силна основа за понатамошен развој и реализација на заеднички активности и проекти.“

Разговорите биле насочени кон продлабочување на соработката во повеќе клучни области.

„Разговаравме за интензивирање на заедничките активности во делот на модернизација на капацитетите и развој на одбранбената индустрија. Посебен акцент ставивме на имплементацијата на договорите Влада со Влада како и можноста за користење на европските инструменти и механизми“, посочи Мисајловски.

Посветеност кон НАТО и ЕУ

Мисајловски порача дека соработката продолжува и во рамки на меѓународните организации.

„Остануваме посветени на заедничките цели во НАТО, ЕУ и регионалните иницијативи.“

На крајот, министерот нагласи дека безбедноста останува приоритет.

„Безбедноста и стабилноста пред се!“