– Она што мене ме загрижува е тоа што луѓето коишто направиле такво дело се блиски пријатели до функционерите на СДСМ и треба да дадат одговор зошто во континуитет имаат пријатели и слики за кои цели се сретнуваат со такви луѓе. Еве како што гледаме човекот којшто загина во таа несреќна пресметка е пријател на градоначалникот на општина Бутел. Дате изјава дека станува збор за навистина негов близок пријател и дека тој немал лошо видено од таков човек. Безбедноста на државата е под сериозен притисок и треба да се понесе одговорност за ваквите случувања на улиците во република Македонија, смета Митева.

Според неа, сериозен и совесен министер би си дал оставка по вакви случувања.