Денес Димитар Ковачевски си дава оставка, ова е почеток на крајот на СДС и ДУИ! Ковачевски е премиерот кој донесе само понижувања, криминал и корупција. Ковачевски е премиерот кој најмногу ја оддалечи Македонија од ЕУ, го забрза иселувањето и ја зголеми сиромаштијата. Заради Ковачевски, Македонија оваа година го доби најнегативниот Извештај од ЕК. А пораките од европските претставници за неподносливата корупција во Македонија не запираат да доаѓаат, вели Марија Митева од СДСМ.
-Од 2% доверба во судството, до партизирана администрација и тепање на контролори на летање од бандити на ДУИ, тоа се Ковачевски и СДС. Никогаш повеќе нема да се случи Македонија да биде водена од неспособни кадри како Ковачевски, затоа што на 8ми мај народот со ВМРО-ДПМНЕ ќе ги порази и испрати во заборав. Во изминатава година со Ковачевски како премиер се случија најголемите скандали и понижувања на македонскиот народ и Македонија. Во време на Ковачевски безредието и криминалот по улиците ескалираа, се случија најкрвавите пресметки и убиства во центарот на Скопје, а одговорност за сторителите се уште нема, оваа влада ќе остане запаметена како неспособна да ја гарантира безбедноста на граѓаните, вели таа.
Митева посочува дека Ковачевски им го зема достоинството и на пациентите болни од ретки болести, власта одеше до таму што крадеше и од болните, скандалот Диво месо во Онкологија е пример како власта печалела и на грбот на болните од рак, кои наместо терапија добиваа физиолошки раствор.
-Кога некој од друга држава би ја слушал оваа прес конференција би претпоставил дека Ковачевски бил премиер пред 100 години, особено затоа што со него учениците добиваа учебници во декември, наместо во септември, а студентите молеа за поголеми субвенции за храна. Еден километар автопат не се изгради, а Ковачевски заедно со Груби ќе остане запаметен како човекот кој го потпиша договорот за изградба на Коридорите 8 и 10Д, за кои патем се префрлија стотици милиони евра на компанијата изведувач, а работа на терен веќе половина година воопшто нема. И нема област во која Ковачевски може да се пофали дека направил нешто, исто како што нема област во која може да каже дека не направил скандал. Затоа почитувани граѓани, никогаш не било полошо важно е да ги поразиме, посочи Митева.