Марија Митева, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24 дискутираше за случувањата и состојбите со Алта Банка АД Битола, и истакна дека станува збор за самостоен правен субјект регистриран во Република Македонија, додека реакцијата во врска со истата, од страна на надлежните институции била, како што вели Митева, промптна, во насока на задржување на стабилноста на банкарскиот и монетарниот систем во државата, за разлика од СДС кои, уште еднаш, ја користат актуелната ситуацијата за ширење на лажни вести и неточни информации, на кои јавноста впрочем е навикната, а овојпат во врска со случувањата поврзани со односната банка.
„Кога вие имате една ситуација којашто се случила во соседна држава на посебно правно лице, независно од ова правно лице коешто е регистрирано во Република Македонија, вие мора да реагирате промптно и да се обидете да најдете решенија како да ги анулирате несаканите состојби, а се со цел да ја задржите стабилноста и она што значи еден стабилен банкарски и монетарен систем. За мене, и монетарната политика, но и банкарскиот систем, можеби е прашање од национална безбедност“, кажа Митева и додаде:
„Кога се пристапува кон оваа тема, треба да имате поголема одговорност кога зборувате пред граѓаните. Ниту ние го минимизираме проблемот, ниту го ставаме некаде на страна, но вие ја максимизирате цела таа состојба којашто се случува преку лажни вести, преку неточни информации, велевте вчера, вашиот претседател на социјалната мрежа „X“ ставаше статуси дека правните субјекти нема да можат да располагаат со својот капитал, денес излезе одлуката, решението, во Службен Весник, и истото беше побиено“.
Митева истакна дека ширењето на паника, страв и невистини од страна на СДС, беше побиено од страна на гувернерот на Народната Банка, притоа цитирајќи го со факти и бројки и истакна дека за пензионерите без картички ќе бидат отворени посебни шалтери на кои истите ќе можат да ги подигнат своите пензии.
„Кога зборувам за ширење на паника, ширење на страв, ширење на невистини, мислам точно на ова. Прво, не знам дали ги имате преброено бројот на прес-конференции и соопштенија коишто ги имате пуштено по однос на оваа состојба, некаде околу десетина се, за само два дена. Можевме да го видиме вашиот генерален секретар на партијата, којшто со петмина луѓе беше застанат да снима изјава како нема пензии. Можевме да го слушнеме денес гувернерот којшто вели дека пензиите на тие 11.000 пензионери коишто имаат трансакциски сметки во Алта Банка, се исплатени уште во петокот. Можевме да го слушнеме, како вели дека за 1.500, точно на број, затоа што јас кога говорам, говорам со факти, а вие велите: „не знаеме колку од нив немаат картички“, еве јас ќе ви одговорам, 1.500 од нив немаат трансакциски сметки, за нив ќе бидат отворени шалтери и ќе биде овозможено да ги подигнат средствата“, рече Митева.
Митева посочи дека сите лажни вести и неточни информации ќе бидат демантирани со текот на времето, но истовремено го наметна прашањето дали опозициската СДС ќе преземе одговорност како политичка партија за тоа што го пласираат во јавност.
„Така што многу концизно кажувам дека вашето ширење на страв, паника, лажни вести, неточни информации со текот на времето, деновиве, затоа што ние сме одговорна Влада, затоа што сериозно пристапуваме на состојбите, ќе ги демантираме“, истакна Митева и праша:
„Дали вие, конечно, како политичка партија, не само во овој случај, ќе преземете одговорност за тоа што го зборувате? Затоа што ќе ве потсетам за мигрантите, затоа што ќе ве потсетам за сите други состојби коишто ги кажувавте за банкрот, дека пензионерите нема да земаат пензии и така натаму. Многу од овие состојби коишто ги кажувавте, две години подоцна не се оствариле. Дали ќе преземете одговорност за истото?“.
