Изјавата на Марија Митева ја пренесуваме во продолжение:

Како Влада ние особена чест да ја информираме јавноста за рекорден прилив од странски директни инвестиции Странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра, што е зголемување од 348,4 милиони евра во однос на истиот период минатата година и убедлив рекорд во изминативе дваесет години.

После долги години на дното, за прв пат државата има можност да стигне до прилив од странски директни инвестиции до 1 милијарда евра оваа година.

Воедно, податоците покажуваат дека само во третиот квартал од годинава, приливот на странски директни инвестиции во Македонија достигна 281,6 милиони евра. Ваквиот прилив се должни на економската и политичката стабилност која ја покажуваме како Влада, на предвидливоста и стабилноста која ја имаат компаниите, на посветеноста и заложбата во процесите и пристапот на нулта толеранција со корупција кои беа индикатори за намалени инвестиции годините наназад.

Во овој период се бележи зголемен нето-приливи врз основа на меѓукомпанискиот долг што во годините претходно можеше да се забележи како одлив и овој прилив е во вредност од 219,5 милиони евра. Имаме и прилив врз основа на сопственичкиот капитал во вредност од 39,9 милиони евра и реинвестираната добивка од 22,2 милиона евра.

За само неколку месеци успеавме како Влада да склучиме договори со многу инвеститори како Алказар енерџи – ветерниот парк, каде ќе има 55 ветерници и ќе се гради меѓу три општини Карбинци, Штип и Радовиш. Во текот на изградбата на ветерниот парк се очекува да бидат отворени 630 нови работни места. Епсотек“, новата германско-белгиска инвестиција, за што ќе бидат вложени 20 милиони евра и отворени нови 110 работни места. Нова инвестиција на Костал од 45 милиони евра со нови 250 вработувања.

Почитувани,

Ова се само дел од инвестициите кои оваа влада успеа да ги реализира, во следниот период очекуваме многу нови инвестиции и продолжуваме посветено во полето на привлекување на странски директни инвестиции, инвестираме во домашните компании преку кредитната линија од 250 милиони евра и сите овие економски политики ќе донесат забрзан раст, зголемено производство и подобар животен стандард на граѓаните.