Митева во своето гостување рече:

-Жалам што изминативе години, изминатиов период постојано некако како да предвидувавме што ќе се случи како ВМРО-ДПМНЕ и алармиравме дека со Заев патот кон Европската Унија е недостижен. Колку и да се обидува да бара оправдување, да секогаш прстот го вперува кон другата страна, никогаш кон себе, свесни сме и граѓаните на Република Македонија се свесни дека проблемот со Република Бугарија го создаде Зоран Заев и дека тој проблем не постоеше пред склучување на овој Договор за добрососедство и дека со владеењето на Зоран Заев не само договорт со Бугарија туку и апсолутно немањето на реформи во Република Македонија беше некако за жал очекувано дека нема да го добиеме датумот за преговори со ЕУ

Митева во текот на своето гостување потенцираше дека по дебакалот кој го случи вчера најмалку што можеше да направи оваа влада е да си поднесат оставка.

-После еден ваков дебакал на власта најмалку што можат да направат е да поднесат оставка, а ако добро и се сеќавам уште пред 3 години Зоран Заев најави дека доколку не се добие датумот за преговори со Европската Унија тој ќе поднесе оставка, кажа таа.

Митева укажа дека она кое ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше дека Заев дал некаков предлог до Република Бугарија, денеска тоа се потврди и од страна на Заев.

-Она кое мене ме загрижува и она шо јас денеска го видов во медиумите е потврда дека на 17 јуни дал некаков предлог до Република Бугарија за она кое ние зборувавме дека има предлог, а владата напразно се обидуваше да демантира дека не постои никаков патоказ, дека не сме дале никакви други гаранции за идентитетот и за јазикот, но еве гледаме дека тој го потврди истото и имаа соопштение дека Заев ненаков предлог, додаде таа