Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков откако ноќта ја поминал во штипската модуларна болница, попладнево е веќе спроведен во приватна болница во Скопје, јавуваат медиумите, повикувајќи се на извори од затворот во Штип.

На Чавков вчера му се влошила состојбата и имал ниска сатурација, при што е хосипотализиран во модуларната болница, но на барање на неговото семејство тој ќе се лекува во приватна болница.

Деновиве во штипскиот Затвор кластерот се зголеми со уште двајца новозаразени осуденици, со што бројката се искачи на седум. Меѓу позитивните на коронавирусот се и поранешниот началник на специјалните полициски сили, Митко Пешов и Никола Митревски-Кољо, кој беше осомничен како еден од главните организатори на насилствата во Собранието на 27 април.