Сосема е извадена од контекст мојата изјава, изјави во вечерашното издание на Топ Тема, Митрополитот преспанско-пелагониски, Владиката Петар, во однос на неговите коментари дека родовата еднаквост била богохулна, противприродна и изопачена, вел, објави Телма.
„Јас кажувам дека луѓето ќе речат: јас не сакам да бидам маж, сакам да бидам жена а не можам да станам, но ќе се чувствувам како жена, ќе се претставувам како жена. Прашањето е дали мажот што ќе си го смени полот може да раѓа и обратно жената кога ќе стане маж, дали е таа во состојба да оплодува жена“ – изјави митрополитот Петар.
Митрополитот Петар тврди дека неговите коментари се однесувале само на оние лица што го менуваат полот, односно на трансродовите лица.
„Тоа што Господ го создал. Машко да биде машко а женско да биде женско, треба да се почитува.“ – вели Петар.