Гоце Делчев останува вечен симбол на македонската борба
Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати силна порака по повод одбележувањето на делото на Гоце Делчев. Истакна дека неговата борба за Македонија е „безвременска“ и ќе продолжи да инспирира генерации.
Вистинската историја мора да се зачува
„Овој ден нè потсетува колкав титан имал македонскиот народ — човек со значење не само на локално, туку и на регионално и пошироко ниво. Неговата хуманост, неговата визија и борбата за слободна Македонија се вредности кои немаат рок на траење“, истакна Мицкоски.
Тој додаде дека тековната влада има обврска не само да го одбележи сеќавањето на Делчев, туку и да го пренесе неговото дело без искривувања, во неговата вистинска историска форма.
ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ ТИТАН: Изјава на премиерот Мицкоски по положување цвеќе на гробот на Гоце Делчев
Минатите обиди за искривување на вистината
„Имаше периоди кога се вршеше обид за историски инженеринг, за менување на вистината. За среќа, тоа е веќе зад нас. Нашата задача денес е да ја пренесеме автентичната приказна за Гоце Делчев – како симбол на слободољубивост и државност“, подвлече премиерот.
Делчев како патоказ за идните генерации
Мицкоски потенцираше дека македонската влада ќе продолжи со посветеност да ја чува меморијата за Делчев и да ја пренесува вистинската историја на идните генерации. Тој порача дека тоа е должност пред македонскиот народ и пред самата иднина на државата.
Извор: Република