Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали се планирани нови вработувања на професионални војници во АРМ, изјави:
„Апсолутно да. Планирано е објавување на оглас за прием на 300 професионални војници и ја користам еве оваа прилика, благодарам на прашањето, да ги повикам сите оние млади луѓе коишто сакаат да се вклучат во одбранбено-безбедносниот систем на државата, да се вклучат и се добредојдени. Ги повикувам сите граѓани, сите граѓани без разлика на етничката припадност, сите коишто сакаат да бидат вклучени во безбедносниот систем. И тука нема проценти, секој оној којшто ќе ги исполни условите, ќе биде примен. Сите буквално, сите оние коишто сакаат да учествуваат во одбраната на нивната татковина.“
Ваквата изјава на премиерот следува по ланските најави.
Министерството за одбрана најавува нови вработувања и инвестиции во Армијата
Министерството за одбрана ќе вработи нови 300 професионални војници, 60 граѓани со цивилни факултети, и ќе инвестира во модернизација и реконструкција на капацитетите. Буџетот за 2024 година изнесува 329 милиони евра, со значителни средства насочени кон подобрување на борбената готовност и условите за вработените.
Нови 300 професионални војници и модернизација
Во 2024 година, Министерството за одбрана ќе спроведе обемни промени, вклучувајќи вработувања на 300 нови професионални војници, 60 граѓани со цивилни факултети, како и дополнителни административни позиции. Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, истакна дека овие мерки се дел од планот за зајакнување на човечките капацитети и зголемување на борбената готовност на Армијата.
„В година почнуваме постапка за прием на нови 300 професионални војници. Секој што сака да биде дел од Армијата ќе може да се пријави на огласот. Со ова ги зголемуваме припадниците во Армијата и ја подобруваме нашата борбена подготвеност,“ рече министерот.
Редовно исплаќање на обврските кон вработените
Мисајловски нагласи дека Министерството ја завршило исплатата на 99% од наталожените обврски кон вработените од минатите години.
„Како Министерство, исплативме речиси 14 милиони евра за обврски од 2014 година. Само оваа година издвоивме над 6 милиони евра поради неисплатени средства, но в година ќе почнеме со редовни исплати, што ќе спречи трошоци за извршители и судски постапки,“ изјави министерот.
Овие мерки ќе помогнат во подобрување на работните услови и намалување на правните спорови поврзани со платите на вработените.
Буџет од 329 милиони евра за модернизација и опремување
Во 2024 година, Министерството за одбрана ќе располага со 329 милиони евра, од кои 106 милиони евра (32%) се наменети за модернизација и опремување на Армијата. Ова е за 18 милиони евра повеќе во однос на буџетот за 2024 година.
„Со оваа модернизација, македонската Армија значително ја зголемува својата борбена готовност и продолжува да се трансформира секој ден,“ рече Мисајловски.
Новата опрема, која треба да пристигне в година, и најавените реконструкции на капацитетите ќе бидат дел од овој план.
Министерството на за одбрана: Обновување на капацитетите на Армијата
Меѓу проектите за обновување, министерот ја најави и реконструкцијата на Домот на АРМ, која ќе се спроведува етапно. Голем дел од капацитетите на Армијата ќе бидат реновирани за да се подобрат условите за вработените и да се осовременат објектите кои се во лоша состојба.
Мерките што ги најавува Министерството за одбрана се насочени кон модернизација, подобрување на човечките ресурси и редовно исполнување на обврските кон вработените. Со овие чекори, Армијата ќе продолжи да се развива и ќе ја зголеми својата оперативна способност.