Премиерот во постојана комуникација со американските институции
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека наскоро се очекува позитивна вест за македонската економија, произлезена од соработката со стратешкиот партнер САД. Тој истакна дека комуникацијата со американските институции е постојана и интензивна.
Потврдено силно партнерство меѓу Македонија и САД
– Со нашиот стратешки партнер САД сме во постојана комуникација. Особено со Министерството за економија, кое го предводи Хауард Лутник – мој личен пријател – како и со Министерството за финансии, Стејт департментот и кабинетот на претседателот Доналд Трамп, изјави Мицкоски по посетата на Општина Тетово.
Тој додаде дека покрај него, и други македонски претставници активно работат на унапредување на економските релации со Вашингтон.
Тема и на средбата Муцунски – Рубио во Брисел
Како што посочи премиерот, економската соработка со САД била тема и на неодамнешната средба во Брисел помеѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и американскиот државен секретар Марко Рубио.
– На дневна основа работат тимови, редовно се слушаме и координираме. Очекувам многу скоро, денеска, убава вест за македонските граѓани и македонската економија, рече Мицкоски, без да открие дополнителни детали за содржината на најавата.
Извор: Курир