По завршувањето на лидерската средба, премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека сите присутни претставници се согласиле оти техничката влада треба да замине во минатото. Тој посочи дека иако имало сугестија за консултација со меѓународната заедница, општ став бил дека државата е подготвена самостојно да носи зрели и одговорни одлуки.

Сите претставници денеска се согласивме за техничката влада. Сите присутни се согласивме. Имаше една сугестија да се направи консултација со меѓународната заедница, но генерално сите се согласивме дека техничката влада треба да замине во минатото. Мислам дека треба да покажеме одговорност и пред меѓународната заедница дека сами може да носиме зрели одлуки. За мене ова е зрела одлука, а техничката влада треба да замине во минатото. Сепак, не е ниту мој личен карактер ниту начин на размислување тоа да не биде консензуално, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Тој даде краток коментар за отсуството на СДСМ од оваа средба. Од негова страна тие имале понуда за техничката влада да не важи од овие избори, но сепак најголемата опозициска партија се одлучи да не дојде на средбата.

Денеска видовте дека една коалиција отсуствуваше. Па така, доколку таа коалиција не го прифати ова носење на измени во законот за влада со кој би се избришала техничката влада за следните парламентарни избори. Тој закон се менува со просто мнозинство, со 61 глас „за“. Сепак, мојот предлог беше да не се прави тоа на сила без нивна согласност и да донесеме измени во законот да биде по следните избори, а да важи за овие избори ако толку инсистираат да бидат за отпосле. Секако, мора да направиме измени во Законот за влада затоа што сега имаме промена во ресори, рече премиерот Мицкоски.

Мицкоски ги опиша како какафонични барањата за техничка влада на опозицијата и потсети на Пржинскиот договор.

Веќе никогаш да не се повтори техничката влада. Тоа требаше да биде за Пржинскиот договор со ограничен рок само за тие избори. Од една страна сакаме да бидеме дел од европското семејство, а од друга страна сакаме да имаме техничка влада. За мене овие работи се какафонични, заклучи Мицкоски, заклучи Мицкоски.