Премиерот Христијан Мицкоски предводеше македонска делегација на Меморијалниот музеј на некогашните кулите близначки во Њујорк, каде што денеска беше одбележана 25-годишнината од терористичките напади од 11 септември 2001 година. На церемонијата, што се одржа во рамки на Генералното Собрание на Обединетите Нации, нагласена беше солидарноста на НАТО со САД и важноста на колективната безбедност.

Настанот го предводеше генерален секретар на НАТО, Марк Руте, кој во своето обраќање изјави дека „Америка останува најголемата светска сила, но не мора да го носи товарот самата – нејзините сојузници стојат покрај неа како пред 25 години, така и денес“. Присутни беа високи претставници на земјите членки на алијансата, кои потврдија повикувањето на членот за колективна одбрана по нападите во 2001 година.

Покрај премиерот Мицкоски, македонската делегација на Генералното Собрание на ОН се состои од министри и дипломати, кои во наредните денови ќе учествуваат на низа сесии и билатерални средби во Њујорк. Одбележувањето на годишнината има за цел да го потсети светот на ризиците од тероризмот и на потребата од заедничка одбрана и соработка во меѓународни рамки.