Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска во рамките на посетата на САД се сретн со конгресменката Клаудија Тени, копретседавач на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД.
-Остварена средба со конгресменката Rep. Claudia Tenney, копретседавач на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД. На средбата разговаравме за традиционално силните и пријателски односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, како и за значењето на парламентарната соработка и размената на искуства меѓу двете земји. Посветеноста кон унапредување на партнерството, почитувањето на заедничките вредности и градењето стабилни односи остануваат важен темел за идната соработка, пишува на Фејсбук премиерот Мицкоски.
