Премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на отворањето на реконструираното одделение на Клиниката за урологија во Скопје
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, утре ќе ја посети Клиниката за урологија, информираат од прес-службата на Владата.
На 12 август 2025 година, во 10:00 часот, премиерот ќе присуствува на пуштање во употреба на целосно реконструираното болничко одделение на Клиниката за урологија. Одделението е дел од Клинички центар Мајка Тереза во Скопје.
Премиерот Мицкоски ќе даде изјава за медиуми за време на посетата, информираат од Владата.