Разговори на маргините на Конгресот на Европската народна партија
Во рамки на посетата на Брисел, премиерот на Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.
На средбата, како што истакна Мицкоски, беше разменето мислење за актуелните предизвици во Европа и регионалната соработка. Посебен акцент беше ставен и на европската перспектива на регионот, како и на унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји.
„Во рамки на посетата во Брисел, на маргините на Конгресот на Европската народна партија, остваривме средба со Андреј Пленковиќ“, истакна Мицкоски.
Тој додаде дека разговорите биле насочени кон засилување на партнерството во рамки на европското семејство и кон заеднички активности што би ја поддржале стабилноста и економскиот развој во регионот.
„На средбата беше разменето мислење за актуелните предизвици во Европа, регионалната соработка и европската перспектива, со посебен акцент на унапредување на билатералните односи и партнерството во рамки на европското семејство“, додаде премиерот.
Средбата се одржа на маргините на Конгресот на Европската народна партија, каде Мицкоски и делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ присуствуваат на низа дискусии и средби со лидери на најголемите политички партии во Европа.
