Имам најмалку 7300 причини од кои по Холокаустот ни пепел не остана да гласам против уставни измени! Имам најмалку 2 милиони причини кои се против уставните измени и заради кои гласам против!, вели Рашела Мизрахи, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
-Најмалку 5 години се изнаслушавме за “заедничка историја, дијалект јазик со фуснота, Илинденско – Преобреженско Востание, Македонците се Блгари, ние не бевме окупатори туку администратори… Се изнаслушавме па и сред Скопје за тоа како партизаните ни переле мозок, како сме неосвестени.
Брусеа, бришеа, рушеа, комисии правеа … доста е , НЕ!
Се нагледавме клубови со имиња на фашисти, глума и театар!
Се наслушавме лаги за обесправени и обезчестени само заради етничка припадност по кои и владини авиони доаѓаа…
Сега е доста, гласам НЕ, не заради блокирање на нечии права, туку заради зачувување на нашата држава, историја, култура, засебност.
Не сум против ЕУ, напротив ЕУ е нашата иднина.
Јас сум против договорот и протоколот кои СДСМ го потпиша со Бугарија, кој немаше допирна точка со ЕУ!
Овој договор и протокол не се наши, овој договор и протокол се на мала група од СДСМ и Бугарија.
А тој договор и протокол не само што не отвора врата кон ЕУ туку не брише сите!
Ги опоменувавме, протестиравме, разговаравме, објаснувавме да не го прават ова, не не слушаа, како што не го слушаат народот и денес. Штом така, што си договориле нека испорачаат но без мене, пишува Мизрахи на Фејсбук.