Пред се би сакала да обрнеме внимание на моментот на морбидниот настан од минатата недела во која што животот го загубија 14 лица. Тие не го загубија животот како резултат на борба со КОВИД, туку го загубија животот како резултат на немарност и на неодговорност, неодговорно работење , деструктивно до некаде работење на министерството за здравство во однос на министерот за здравство, истакна Рашела Мизрахи,пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во централниот дневник на телевизија Сител.
Мизрахи потсети дека во текот на минатата година во Собранието и по медиумите се говореше за еден заем од Светска Банка во вредност од 90 милиони евра.
-Од тие 90 милиони евра, 30 милиони евра беа наменски за министерството за здравство односно за КОВИД услугите кои што треба да ги пружа министерството за здравство, и околу 55 милиони евра беа за труд и социјала. Од тие 30 милиони како и останатите 55 милиони евра, сите тие средства дојдоа до министерството за труд и социјална политика, односно по потписот на министерката Шахпаска. Преку проектната единица требаше 30 милиони да се исплатат на здравство согласно спецификацијата дадена од министерот Венко Филипче. Онаа спецификација која што ниеден медиум не ја прикажува деновиве, бидејќи ја немаат. Таа спецификација се крие, на тоа какви материјали, какви услови, какви услуги, какви медикамент требаше да се набават преку тој заем од Светска Банка, рече Мизрахи.
Мизрахи посочи дека заемот дојде и си помина, парите не се знае каде се, но очигледно е дека се изградија модуларни болници кои што се суспектни по квалитетот, и тоа се прикажа со тажен настан.
-Да се избегнува одговорност за ваков настан после целото тоа узурпирање на медиумите со 90 милиони бидејќи константно медиумите се преоптоварени со суми, а не со одговорност и последици. Во овој момент во Република Македонија имаме над 6.000 жртви од КОВИД. Јас не велам дека Филипче и Заев се причинители за инфекцијата, туку контролата и санацијата на повредите од самиот вирус е нивна одговорност, тие се власт, нагласи Мизрахи.
Мизрахи додаде дека не треба да се бега од одговорност по овој немил настан во Тетово. Филипче требаше веднаш по настанот да си даде оставка и да си замине од функцијата.