-Ние сме избрани од народот, гласани од народот, да ги браниме интересите на народот во концепт наречен демократија, не тоталитаризам, не елитизам, во согласност со општествениот договор прикажан преку Уставот и законите на оваа држава, истакна денеска Рашела Мизрахи, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница во врска со законските измени поради изградба на коридорите 8и 10Д.
Имено таа посочи дека со гласање на измените на овој пакет на закони се крши директно и безусловно Уставот на Република Македонија.
Во овој случај пакет на закони ќе бидат гласани за да ја гарантираат безбедноста на владата од самите граѓани и силата на аргументите нема да биде поголема од силата на авторитетот и оние кои најгласно зборуваат за булинг истиот совршено го спроведуваат и врз опозицијата и врз народот. Со овој пакет закони се крши директно и безусловно членот 51 од Уставот на Република Македонија, рече таа.
Мизрахи во врска со кршењето на законите запраша дали кршењото на законите е направено злонамерно или е дел од од неискуство, незнаење, незаинтерсираност, хаос во Владата кој што се прелева во хаос во државата?
Таа порача дека Владата треба да се консултираат со правници, адвокати, судии, луѓе кои што се од фелата и ги знаат законите за да им прикажат дека законот за работни односи веќе одлучил како може да има прекувремена работа и како може да има прераспределба на работното време.
-Прво која е причината за еден договор да биде таен? Потоа работните односи во државата ги регулира Законот за работни односи, а следењето на законот го следат низа на инспекции, од кога има потреба од нов ЗРО кога во постоечкиот постои работно време подолго од 40 часа, прекувремена работа на 40 часа е определено со член 117 и 124. Ве молам сите да и се обратиме на Владата да се консултираат со правници, адвокати, судии, луѓе кои што се од фелата и ги знаат законите за да им прикажат дека законот веќе одлучил како може да има прекувремена работа и како може да има прераспределба на работното време, кажа таа.