На 29.06.2022 во 14.50 часот во Полициското одделение Петровец било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со тешки телесни повреди бил донесен С.К.(23) од с.Марино, општина Илинден.

Според пријавеното, тој се повредил додека извршувал работни задачи во фирма во индустриска зона во Скопје.

Полициски службеници излегле на местото, а за случајот бил запознаен и Трудов инспектор.