Бернал требало да го суди натпреварот помеѓу Монтекасилјас и Сан Гинес. Му се слошило додека се загревал. Сето тоа се случило на 15 минути пред натпреварот. Одел кон соблекувалната и потоа се срушил на теренот. Фудбалерите од двата тима истрчаа да му пружат прва помош, но за жал, не можеле да го спасат.

Според првите информации, младиот Бернал починал од последици од срцев удар. Важел за талентиран судија, а покрај спортска кариера, студирал и право.