Девојка на возраст од околу 20 години вчера паднала од балкон во Тетово, а полицијата по наредба од јавен обвинител врши истрага како дошло до несреќата.
Според официјалните информации од СВР Тетово, настанот се случил синоќа околу 18:40 минути. Случајот бил пријавен од Итната медицинска помош, кои интервенирале. Тие им кажале на полицајците дека „женско лице паднало од балкон“.
Поради сериозноста на повредите, девојката е пренесена на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Увидот бил завршен уште во текот на вчерашниот ден. Засега нема други детали од страна на полицијата.
