Младите македонски ракометари со реми против Украина го започнваа својот настап на ЕХФ шампионатот.
Македонските ракометни надежи одиграа без победник 23-23 против Украина, во воведниот натпревар од втората група, на ЕХФ шампионат за играчи до 20 години. што се одржува во Варна, Бугарија.
Иако противникот континуирано имаше предност која на 9-минути пред крајот изнасуваше и 5 гола разлика (15-20), сепак нашите младинци не се откажаа. Напротив. Со борбена игра успеаа да ја анулираат негативата, па дури и да поведат со 22-21, но наместо триумф мораа да спасуваат бод.
Така со голот на нашиот најефикасен играч Славчо Шулески постигнат на 4-секунди до крајот црвено-жолтите изборија реми 23-23. Шулевски средбата ја заврши со шетд, додека по пшет гола постигнаа Михаил Ивановски и Теодор Тодески.
Утре противник на на нашите јуниори ќе им биде селекцијата Косово, а по три дневната пауза, дури на 20 јули, ќе играме против Романија, додека ден подоцна во последното коло за противник ќе ја имаме селекцијата на Швајцарија.
Пласман во полуфиналето ќе обезбедат двете прворангирани селекции од двете групи.