На 26.08.2022 во 23:55 часот било пријавено дека во зграда на ул. „Дане Крапчев“ во Скопје било пронајдено починато машко лице на возраст од околу 20-25 години.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот.