На 26.08.2022 во 15:30 часот од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода К.И.(28) од Скопје, поради кривично дело насилство.

Околу 15:00 часот, според пријавеното, тој влегол во експозитура на банка на подрачјето на Бит Пазар и побарал без лична карта да си ја подигне својата дебитна картичка, но од страна на вработена во банката му било кажано дека тоа не е возможно, по што тој почнал да ги навредува вработените и да им упатува сериозни закани по животот, а потоа да го уништува инвентарот во банката.

Од страна на Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје во консултација со ОЈО Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“.