Телото пронајдено покрај автомобил кај Тиквешкото езеро му припаѓа на 34-годишниот Николче Николовски од Буково, Битола, јавува Фокус.

Од таму се вели дека Николовски ќе биде погребан утре на гробиштата во село Буково, а неговите блиски велат дека причината за смртта се уште не се знае бидејќи се чекаат резултати од обдукција.

Негов пријател пак во изјава за Фокус вели дека останале многу неодговорени прашања, за кои сметаат дека надлежните ќе им ги дадат одговорите.

Тој вели дека се изненадени како никој толку време не го забележал автомобилот, односно дека локацијата каде е пронајден автомобилот и телото е покрај земјен пат кој не е непристапен.