Министерот за надворешни работи Бујар Османи нема да оди на Годишниот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија во Банско, каде бугарското Министерството за надворешни работи го покани на годишниот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија.
Од македонското МНР велат дека ја известиле Софија оти министерот Бујар Османи како претставник на Владата во овој период ќе се фокусира на процесот во Собранието, каде треба да се расправа за францускиот предлог.
-Нотата е стигната во МНР, но Софија е известена дека во овој период Османи ќе се фокусира на процесот во Собранието, а експерите од двете министерства ќе продолжат со работа. Доколку се појави потреба, Османи и Генчовска повторно ќе одржат онлајн средба, велат од македонското МНР.
Бугарското МНР вчера го покани министерот Османи на состанок кој би се одржал на 9, 10 или 11 јули во Банско. На состанокот, според соопштението на бугарското МНР, треба да се разгледа исполнувањето на Договорот за добрососедство во изминатиов период, и да се превземат мерки за подобрување на двостраната соработка во сите сектори.