Пандемијата ги тера криминалците кои се занимаваат со наркотици да дејствуваат преку Интернет, создавајќи тренд, рече еврокомесарот за внатрешни работи Илва Јохансон за време на онлајн презентацијата на извештајот за наркотици за 2021 година, составен од агенцијата ЕМЦДДА со седиште во Лисабон, објави Ројтерс.
Пандемијата принуди промени на сите нивоа на трговија со дрога, од трговци на големо и шверцери до дилери во соседството.
Со затворањето на границите, шверцерите повеќе се потпираат на бродски контејнери, а помалку на курири, се наведува во извештајот, пренесе Танјуг.
Податоците покажуваат дека количината на достапен кокаин не се намалува, но има забележително зголемување на бројот на луѓе кои одгледуваат канабис дома.