Во соопштението на компанијата се наведува дека е во преговори со американската Администрација за храна и лекови за вклучување на поголем број учесници во студијата кои се помлади од 12 години, пренесува агенцијата АП.
Планирано е да се тестира вакцината на околу 7.000 деца, од кои некои ќе бидат на возраст од 6 месеци.
Објавувањето доаѓа во време кога бројот на случаи на инфекција на коронавирусот се зголемува во САД, а училиштата се подготвуваат да ги пречекаат учениците.
Во исто време, регулаторите продолжуваат да ги разгледуваат случаите на редок облик на воспаление на срцето познат како миокардитис, што е забележано кај мал број тинејџери кои примале инекции Модерна или Фајзер.
Американски официјални лица и независни медицински експерти минатиот месец изјавија дека придобивките од вакцините далеку ги надминуваат ризиците од несакани ефекти, кои се пријавени кај неколку стотици лица на возраст под 30 години.