Српската полиција уапсила млад човек, кој во близина на градот Рума во Војводина, испукал проектил од рачен ракетен фрлач и уништил напуштен објект во близина на железничката станица.
Експлозијата се случила околу 14 часот во Платичево и предизвикала уривање на помала зграда, но нема повредени.
Според неофицијални информации, уапсено е 25-годишно лице кое претходниот ден било пуштено од невропсихијатриско лекување.
Утврдено е дека гори пожар во старата, напуштена зграда на станицата. Веднаш биле повикани пожарникари кои брзо го локализирале, а потоа го изгаснале пожарот“, пишува весникот „Блиц“ кој наведува дека е причинета поголема материјална штета.
Српските медиуми јавуваат дека по масовното пукање во училиштето, кога ученик во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ уби осум врсници и училишен чувар, како и по масакрот во Младеновац кога Урош Б.(21) уби осум лица. , често се случуваат нови инциденти.
Како одговор на двете масовни убиства, МВР на Србија ги повика граѓаните да го предадат нерегистрираното оружје во периодот од 8 мај до 8 јуни.