Од Синдикатот за образование на наука исто така не сакаа да шпекулираат за тоа колку наставници и професори се заразени со ковид-19 во земјава, бидејќи велат дека не располагаат со официјални бројки.

Цело одделение од 23 ученици од ОУ „Вера Циривири Трена“ во Карпош од денеска оди во изолација и ќе следи онлајн настава, поради осум позитивни ученици, потрвдуваат од општината за тв24.

– Има четири нови позитивни случаи, вкупно заболени се осум ученици во цело училиште, класниот раководител не е заболен. По препорака на центар за јавно здравје и надлежен епидемиолог за нашата општина, целото одделние од 23 ученици од превентивни причини заминуваат во изолација и ќе следат онлајн настава. – велат од ОУ „Вера Циривири Трена“ – Карпош.

Кога станува збор за состојбата во градинките, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска изјави дека не е констатирано ширење на ковид-19 во овие детски установи и состојбата е стабилна.

Со исклучок на неколку општини, наставата ширум земјава од почетокот на учебната година се одвива со физичко присуство за сите ученици, а властите сметаат дека засега состојбата е стабилна и не се размислува за воведување на друг модел на настава.