– Копенхаген е еден од оние градови каде што постои вистинска амбиција да се обезбеди подобар квалитет на живот за сите. Стремежите за создавање почиста околина се најдобри тука, а градот ги бележи придобивките од повеќегодишните урбани инвестиции, вели главниот уредник на Monocle, Ендрју Так.
По Копенхаген, следат Цирих, Хелсинки, Стокхолм, Токио, Виена, Лисабон, Оукланд, Тајпеј, Сиднеј, Сеул, Ванкувер, Минхен, Берлин, Амстердам, Мадрид, Мелбурн, Кјото, Бризбејн и Лос Анџелес.
Ова се градовите кои ја искористија изминатава година, како што се наведува, за подобро да ги изградат своите улици, просторот за живеење, стопанството, културната сцена…
Истражувањето и рангирањето е објавено во изданието за јули/август 2021 година.