Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, која е коалицинонен партнер во Владата на СДСМ очекува од новиот Премиер да ја реализра зелената агенда за која се залага ДОМ. Смета дека кадрите од новиот состав на Владата имаат капацитет да ги спроведат реформите за што е потребно поорганизирано и поодговорно работење. Истата одговрност и посветеност ја очекува и од сите избрани и именувани лица.

Дали вашите предлози за зелената агенда се вметнати во програмата на новата Влада и дали сте задоволни од составот на новата Влада предложена од Ковачевски?

-Мислам дека овие кадри имаат капацитет да ги спороведат реформите и барањата на граѓаните. Она што е важно е дека мора да се покаже поголема одговорност во работата , не само на министрите во Владата, туку на секое избрано и именувано лице од страна на Владата, односно институциите да функционираат онака како што е потребно, одговорно, транспарентно и во интерес на задоволување на барањата и потребите на граѓаните. И затоа мора да понесе одговорност секој еден кој што е на раководна позиција во било која институција.
А тоа е основно и е за нас важно за да можат навистина институциите да функционираат организирано и одговорно и на крајот да се испорачаат резултати. За да се реализираат сите програмски приоритети, она што е важно и во интерес на граѓаните , потребно е поорганизирано и поодговрно работење на сите избрани и именувани функционери.

Дали вашата зелена агенда е дел од новата владина програма?

-Јас во детали немав време да ја разгледам, овие денови ќе ја разгледам новата програма. Но, дефинитивно очекувам да биде реализирана таа зелена агенда. Да.
Мислам дека на вчерашната владина седница веќе е донесен план за Зелен развој, програма за Зелен развој во која 670 милиони денари се наменети за обновливи извори на енергија. Овие средства се за државни институции, податок кој треба да го проверам и тоа е насокота во која ние сакаме да се движи Македонија и тоа е тоа што ние го зборуваме постојано.
Поголемо инвестирање во обновливите извори на енергија затоа што тоа значеи не само поголемо производство на на струја, што е многу важно во актуелнава енергетска криза. Тоа значи и финансиски бенефит. Затоа што на тој начин ќе се заштедат и средстав од буџетот, односно пари на граѓаните кои сега ги даваме за увоз на струја која што е многу поскапа, туку и е во интѕерес на намалување на аерозагадувањето, во интерес со борбата со климатските проблеми, така што тоа е пронципот на инвестирање во овие обновлили извори на енергија и развој на зелената економија во Македонија.

Ваша реакција во однос на прозивката на Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кој рече дека вие како коалициски партнери сте биле приврзоци на владата на СДСМ кои седат во Влада во која што царува криминалот.

-Мислам дека тоа е непримерен начин за обраќање. Она што го видов во медиумите е некое етикетирање кое беше сосема паушално. За некои привезоци дека сме биле, дека сме биле уценети и сме биле влезени во криминал, мислам тоа е сосема непримерно . Непријатно сум изненадена од потпретседател на најголемата опозициска партија да користи таква реторика која што за мене е непријатна, вели Морачанин за Лидер.