Анонимен профил на социјалната мрежа „Икс“, со име „Цандо Големиот“, објавил навредливи и морбидни пораки по смртта на актерите Гоце Тодоровски и Ванчо Петрушевски, а со пораката „Two down, one to go…“ посочил дека следен треба да биде Богдан Илиевски. Илиевски ја сподели објавата и побара реакција од надлежните органи.
Во една од објавите, профилот со корисничко име „CandoGolemiot“ напишал:
„Фала курцу, еден Фиромистанец помалку. На Македонија и’ требаат нова генерација актери како Ненад Стојановски или Никола Ристановски, а не потпросечни кловнови како Гоце Тодоровски или Ванчо Петрушевски.“
Во друга објава, над фотографија на која се гледа Богдан Илиевски, било напишано:
„Two down, one to go…“
Илиевски реагираше на социјалните мрежи, оценувајќи дека станува збор за морбидна и навредлива содржина насочена кон починатите актери и кон него.
„Без генерализации, ама ваква некрофилија имам гледано и пред 2016 година. И ‘дебил’ е навреда за ваквите анонимни лиглиња. Крај краева, да си на иста листа со великани како Гоце и Ванчо е чест, макар била и death-list на некој психолатентен шупак 🙂 Во коментари повеќе за ликот и делото на некрофилот. п.с. Органите дали ќе реагираат, не знам. Мојов орган не ми реагира, па сеедно ми е 🙂“, напиша Илиевски.
Гоце Тодоровски и Ванчо Петрушевски беа долгогодишни македонски актери со бројни улоги во театарот, филмот и телевизијата, додека Богдан Илиевски е јавна личност, колумнист и политички коментатор, познат и по прекарот Бетмен Велит. Објавите предизвикаа реакции поради навредите кон починатите актери и пораката што се толкува како закана или посакување смрт на Илиевски.
