Средбата помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, траела три часа и била конструктивна, соопшти рускиот претставник Јуриј Ушаков.
Ушаков посочи дека во рамки на средбата било дискутирано за можноста за директни преговори помеѓу Москва и Киев.
Директни преговори меѓу Русија и Украина не се реализирани од почетокот на конфликтот во февруари 2022 година.
Покрај темата за Украина, средбата овозможила приближување на позициите помеѓу Москва и Вашингтон и за други глобални прашања.
Ушаков најави дека ваквиот конструктивен дијалог Москва–Вашингтон ќе продолжи и на други дипломатски нивоа.
Според него, прашањето за директни преговори помеѓу Москва и Киев останува отворено за натамошни дискусии меѓу двете страни.
Извор: Курир