Индустриската машина за мелење месо, која беше пронајдена во тајната просторија на викенд куќата на Вељко Беливук и Марко Мијковиќ во Ритопек, беше пренесена во форензичкиот центар на Министерството за внатрешни работи на Србија за понатамошна анализа.

Форензичарите веќе пронајдоа траги кои укажуваат на тоа дека биле извршени егзекуции и трагите биле отстранети во еден вид бункер скриен под земја.

Постои основано сомнение дека опремата била користена за монструозно отстранување на делови од телото на убиените противници на озлогласениот криминален тим Беливук и Мијковиќ, чиј вистински водач е Радоје Звицер, еден од наводните водачи на Кавачкиот клан.

Полицијата пронајде докази дека најмалку пет мажи биле убиени во вилата.

Она што го најдовме внатре не шокираше. Трагите укажуваат на ужасните методи на тортура што ги користеле Беливук и Мијковиќ и нивните соработници против киднапираните ривали – наведува изворот од истрагата за српските медиуми.

Во таа тајна просторија биле извршени ликвидации, а покрај споменатата машина, биле пронајдени и неколку пиштоли, автоматски пушки, снајперска пушка и поголема количина муниција. Сето тоа беше испратено на вештачење. Се сомнева дека со тоа оружје се убиени луѓе во Белград и пошироко.