Државната изборна комисија ги усвои приговорите од политичките партии за седум избирачки места. За два дена е прегласувањето на седум локации во изборната единица 5 и 6.
Зајкова се надева на пратеник повеќе
Лидерката на ЛДП, Моника Зајкова откако имаше шпекулации дека преоѓа со ВМРО-ДПМНЕ рече дека тоа е невистина, а фокусот на нејзината партија е кон ИЕ5 за Боби Мојсоски да стане пратник.
Нашата цел и насоченост во моментот е прегласувањето во ИЕ 5 каде има 3521 избирач. Големи шанси за мандат има и кандидатот од ЛДП, доколку неговата коалиција освои 110 гласови повеќе од сегашниот резултат, тогаш пратеник би станал Боби Мојсоски, а би отпаднал Исмаил Јахоски од ДУИ. Затоа и повикувам да се воздржат од шпекулации и во среда да се гласа за број 1, вели претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.
Задутре се прегласува во југозападна Македонија, односно во делови од ИЕ5 и ИЕ6.
На кои места ќе се прегласува?
Во саботата членовите на Државната изборна комисија едногласно усвои дека ќе се прегласува во петтата и шестата изборна единица.
Во Изборната единица 5 прифатени се приговорите за избирачките места 1272 во Охрид, 1194 и 1202 во Крушево, 1844 во Струга, 1470 и 1470/1 во Долнени. Ваквите одлуки се донесени согласно член 151 став 3 од изборниот законик.
Ахмети негодува
Али Ахмети за прегласувањето обвинува за договор меѓу најголемите две македонски политички партии, а од друга страна пак и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се надева на пратеник повеќе.