Заканите од климатските промени, проблемите со недоразвиеноста на земјоделството, како и грешките кои се правени во изминатиот период, можат да се решат со здружување на земјоделците, односно формирање на земјоделски задруги порача денеска од Свети Николе, Ѓорѓи Арнаудов претседател на Мрежата на земјоделски задруги.

Тој истакна дека сите институции, почнувајќи од Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, општините, регионалните центри на планските региони и самите задруги го немаат положено испитот, бидејќи во земјава има само околу 50 задруги, додека во Европа еден земјоделец е член на три или четири задруги. Според него, премногу бавно се одвиваат работите за формирање на земјоделски задруги.