Во продолжение ви го пренесуваме неговиот став:
За претстојните локални избори партиите веке почнаа да ги објават нивните кандидати со кои ке учеетвуваат на избори. За општина Сарај, ДУИ го објави Блерим Беџети, а за Град Скопје СДСМ најверојатно ке оди со Петре Шилегов, и двајцата ке се подржуваат меѓусебе за атар на коалицијата и покрај тоа што не можат да се поднесат, заради нивното неподнесување трпеа граѓаните, а причината беше фамозната платформа во Матка.
Односите помеѓу Шилегов и Беџети беа и се уште се нарушени а нивниот инает го продолжија на институцилнално ниво, Шилегов не са појави во Сарај ниту еднаш а Беџети и тие малку проекти на Шилегов не ги потпишуваше, Езеро Треска го уништија па дури и го украдоа, имаше проект но не се познаваше инвеститорот, се украде целото железо од Треска а Шилегов кој вети ревитализација на Треска ниту еднаш не се појави да го коментира барем уништивањето на Треска која беше изградена со самопридонес на граѓаните и токму во нивите на жителите од блисите села.
Не се реконструираше ниту патот кој води кон Матка, ниту пак се заклучи прашањето за платформата во Матка, стравот на Шилегов да му се спротисвстави на Беџети беше очаен а неговиот интерес да му се помага на жителите на Сарај во борбата против локалните шерифи на ДУИ беше НУЛА.
Со какво лице и со какви лажни ветувања ке се појави во Сарај Шилегов ке видиме, но дали еуфоријата ке биде како во 2017та? Нема шанси ! Граѓаните на Сарај никогаш повеке нема да гласат за арогантноста, незаинтересираноста и националшовинизмот на Шилегов и за трибалистичкиот пристап на Беџети при управувањето со општината како еден од главните подржувачи на криминалот во Сарај кој и самиот стана синоним за криминал во Сарај, човек кој дозволува да се гради во диво, да се создаваат диви депонии, да се уништи треска, да не се инвестира во Матка, да се загади реката Треска и кој на локалните “бизнисмени” им го продава државното земјиште за цена од 1 евра по метар квадрат и други девијантни појави кои го карактеризираат дотичниот.