Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на својот фб профил јавно му одговори на Стевчо Јакимовски за изјавата кој тој ја имаше и во истата го обвинува за посредување за вработување на Советник од редовите на ГРОМ.

Со огромно неверување ја следев денешната изјава на Стевчо Јакимовски во која ме обвинува за наводно посредување за вработување на Советник од редовите на ГРОМ.

-Советот на Општина Аеродром и јас како градоначалник имаме одлична соработка, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ има апсолутно мнозинство, а голем дел од одлуките се носат консензуално, со вклучување на сите партии кои се претставени.
За да се изнесе вакво тенденциозно тврдење пред македонската јавност, Јакимовски треба да располага со конкретен доказ кој би го докажал моето евентуално влијание. Доколку Јакимовски поседува ваков доказ, го повикувам јавно да го приложи, а доколку го нема, само докажува дека македонската политичка сцена сѐ уште е на најниско ниво. Како политичар и народен избраник за неговата позиција, тој треба да се занимава со прашања за кои е избран, а не да се служи со политиканство, измами и лаги, напиша тој.

И покрај тоа што изнесува лаги и манипулации за мене, на Стевчо Јакимовски му посакувам добро здравје и работа насочена кон граѓаните на Карпош. Во мојата кампања ветив дека ќе работиме во служба на народот и ќе ја промениме негативната перцепција за македонската политика, бидејќи граѓаните сакаат проекти и резултати, напиша Муцунски.