На средбата Тимчо Муцунски ја промовираше својата програма и беше зборувано за реалните проблеми на Лисичани, кои со години не се решаваат.
-Како градоначалник на Општина Аеродром, се обврзувам дека ќе ги решам проблемите на сите вас во Горно Лисиче. Во нашата програма, предвидовме проекти и решенија кои што се клучни за вас овде. Ќе поставиме осветлување на патот од Горно Лисиче до Долно Лисиче, ќе ги до доизградиме и асфалтираме улиците онаму каде што е потребно, ќе го решиме просторот за депонирање на кабаст отпад. Маркова река ќе биде вистинско место за уживање. Ќе има кеј, стази за велосипеди и трим патека, и ќе го прошириме мостот накај Долно Лисиче. Гордоста на Горно Лисиче, Илинденскиот марш ќе биде под покровителство на општината. Ветуваме и ве уверуваме дека ќе изградиме ново детско и кошаркарско игралиште во близина на фудбалското, а ќе изградиме и административно деловен објект – задруга. Она што е многу важно за Лисичани, е дека ќе изработиме ДУП за Горно Лисиче, изјави Тимчо Муцунски.
Тимчо Муцунски во својата програма вети дека Аеродром ќе биде општина со 0 корупција и 0 дополнителен трошок за семејствата за градинка и основно училиште, како и дека Аеродром ќе има нови 100.000 м2 зеленило.
Како главен приорите ќе биде и решавање на проблемот со загадувањето, а најави и решение за дивите депонии во првите месеци по стапување на функција.