Од извори во Министерството за надворешни работи, дознаваме дека веќе неколку месеци службите во МНР работат на евалуација на работата на амбасадорите во дипломатско-конзуларните претставништва низ светот. Неофицијално, во тек е постапка за целосен ремонт на македонската дипломатска мрежа поставена во времето на владеењето на ДУИ и СДСМ, за што нашите извори велат дека министерот Муцунски ќе ги отповика амбасадорите назначени од страна на претседателот Пендаровски. Со ваквиот потег, следува целосен ремонт на македонската дипломатска мрежа.
Неофицијално, како што пишува КУРИР, амбасадорите се отповикани се поради неисполнетост на членот 39 од Законот за надворешни работи, бидејќи не ги претставиле дипломатските тези пред Комисијата за надворешна политика пред да бидат упатени за ополномоштени амбасадори. Од амбасадорите се бара да се вратат во Македонија до крајот на март оваа година. Пред нивото отповикување направена е целосна и опсежна анализа.
Претходно, беше објавено дека пораншениот амбасадор, Љубомир Фрчкоски сериозно го злоупотребил буџетот предизвикувајќи шестцифрена штета во евра. Муцунски најавува одговорност за Фрчкоски и рече дека истрагата ќе заврши до крајот на овој месец.
Освен Фрчкоски, актуелен беше и случајот со отповикување на Андреј Жерновски.
Со оваа одлука на МНР се отповикани девет амбасадори. Останува да видиме кои амбасадори ќе бидат поставени на сега отповиканите.