Се истражува ширењето на шпекулациите
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вечерва изјави дека повеќе лица се повикани на информативен разговор во врска со денеска проширените информации дека водата во Скопје е загадена со бактеријата ешерихија коли.
Властите реагираа на информациите
Информациите за наводно загадена скопска вода утрово брзо се проширија на социјалните мрежи, по што реагираа и надлежните институции. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на прес-конференција се напи вода од чешма, демантирајќи ги тврдењата за загадување.
Муцунски бара одговорност
Муцунски, во гостување на „Сител“, оцени дека мора да има одговорност за ширењето на паника и посочи дека не може неосновани информации да се споделуваат без последици. Тој, исто како и Ѓорѓиевски, го обвини СДСМ за ширење на, како што наведе, лажни информации.
