Полицијата денеска во периодот од 09:00 до 14:00 часот на територијата на СВР Тетово спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи, при што се санкционирани 29 возачи.
Од МВР најавуваат дека продолжуваат со засилените акциски контроли и апелират возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Исто така, апелираат и пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.