Во врска со случајот на насилство во Куманово кој денеска се споделува на социјалните мрежи, СВР Куманово презема соодветни мерки и активности за расчистување на случајот, известуваат од Министерството за внатрешни работи.

– За настанот е известен јавен обвинител, а извршен е службен разговор со напаѓачот кој физички ја нападнал девојката. Во врска со случајот ќе биде извршен разговор и со други лица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.