Министерството за внатрешни работи го потврди инцидентот во Градскиот трговски центар, сепак, не прецизираа дали станува збор за несреќен и случаен пад, или навистина жената скоканал од тарасата како што тврдеа сведоци на настанот, пренесува Фактор.

– Денеска (14.11.2023) околу 10.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека 55 годишна жена паднала од висина во ГТЦ. Лицето е пренесено во Ургентен центар „Мајка Тереза“ – велат од МВР.

МВР не дефинира дали се работи за обид за самоубиство или за случаен пад. Сведоци на настанот претходно посочија дека жената се предомислувала, но сепак, скокнала. При скокот младо момче се обидело да ја спаси, да ја фати пред да падне, но не успеал во намерата. Настанот се случи утрово околу 11 часот во ГТЦ, пред влезот во трговскиот од страната на Плоштадот Македонија.

Жената еднаш била однесена во Ургентен центар „Мајка Тереза“. Засега нема информации за какви повреди се работи и дали тие се живото загрозувачки.