Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје денеска ги лишиле од слобода С.М., Ф.М. и М.М., во врска со пријавата од градоначалникот на општина Гази Баба, кој на 11 септември годинава во СВР Скопје пријави дека три лица упатувале закани по неговиот живот поради претходно извршено уривање на дивоградба во с. Инџиково.

Од Министерството за внатрешни работи, информираат дека веднаш по добиената пријава, преземени се неопходните мерки и активности и денеска сторителите се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје по брза постапка за кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 ст.4 од КЗ.