Министерството за внатрешни работи соопшти првични информации за двојното убиство кое вечерва се случи во Старата скопска чаршија.
„На 06.03.2023 во 20.11 час. во СВР Скопје пријавено е дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Повеќе информации може да прочитате ТУКА.
Според информациите убиството се случило пред околу 20.30 часот во близина на кафе барот „Шиша бар“.